На 19 октомври, 2016 година во Софија, Р. Бугарија Заменик министерот за регионален развој и јавни работи Деница Николова и Заменик министерот за локална самоуправа, Љупчо Пренџов го врачија договорот.
Проектот „Размислуваме за компостирање - Посветени на одржување на органскиот синџир“ е изработен во рамки на Програмата за прекугранична соработка Р. Бугарија – Р. Македонија 2014 – 2020. Истиот спаѓа во Приоритената оска 1. Животна средина, Специфична цел 1.1. Заштита на животната средина и одржливо користење на природните ресурси во прекуграничниот регион.
Активностите и постигнувањата по проектот, како и секој од предвидените настани ќе може да ги пратите на оваа страница.