Центарот за развој на Југоисточниот плански регион на ден 07.02.2017 во Бизнис салата во Хотел Сириус во Струмицасо почеток во 12:00 часот ја одржа својата прва прес конференција во рамките на проектот "Размислуваме за компостирање – Посветени на одржување на органскиот синџир" финансиран од од Европската Унија преку Интеррег-ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија-Македонија CCI No 2014TC16I5CB006.
Првата прес конференција се одржа по повод запознавање на јавноста со проектот, неговите цели, активности, очекувани резултати, процесот на компостирање, како и придобивките од истото.
Во рамките на прес конференцијата Директорот на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Г-а Жулиета Ѓуркова, накратко го презентираше проектот, процесот на компостирање, како овој проект ќе ја оствари својата цел преку подигање на јавната свест во насока на намалување на количините на отпадот со негова преработка и ре-употреба, со што ќе се добие поздрава и почиста животна средина.
Беа презентирани активности на проекот кои се во насока на промовирање на придобивките од компостирањето меѓу кои изработката на промотивни видеа и брошури, организирање на инфо денови, работилници, студии, тренинзи за компостирање во прекуграничниот регион.
Во рамките на проектот ќе се набават 800 компостери од кои 400 ќе бидат наменети за домаќинствата од Југоисточниот регион, а останатите 400 за домаќинствата во регионот на проектните партнери – Југозападен регион, Р.Бугарија, Благоевград.
Доделувањето на компостерите ќе се спроведе преку јавен повик и ќе се организраат инфо денови за сите оние кои ќе ги добијат овие компостери сѐ со цел подобро разбирање на процесот и правилна употреба на компостерите.
Планирани се две студии за "Анализа на потенцијалите на компостирање во пограничниот регион". Студиите ќе содржат информации за потенцијалите за компостирањето со кои располага нашиот регион како и бенефитите од употребата на овој процес.
Во продолжение на настанот следуваа прашања и дискусија со присутните за споделените информации за проектот.