На 23-ти февруари во 10:30 во салата за конференции во Хотел “Монте Кристо” во Благоевград беше одржана прес конференција организирана од Асоцијација за Југозападни Општини.
На конференцијата партнерите го презентираа проектот и неговите активности пред медиумите. Г-а Љубица Томова, како менаџер на проектниот партнер ги презентираше придобивките од проектот како и очекуваните резултати, нејзиниот тим и лидер партнерот.
После презентацијата Г-а Томова имаше интервјуа за БТА, БНР Благоевград, Радио Фокус и други.
Тимот беше задоволен што одговори на прашањата од медиумите.
Прес конференцијата беше достапна за гледање во живо.