На 6/7/2017 во канцелариите на Здружение на Југозападни Општини во Р.Бугарија се одржа вториот работен состанок на тимот за проектот “Размислуваме за компостирање-Посветени на одржување на животната средина”
Проектот е ко-финансиран од Европска Унија преку Интерег – ИПА програма за прекугранична соработка Македонија – Бугарија 2014-2020 со број на договор CB006.1.11.013.
На средбата, претставниците на Здружението и партнерот Центар за развој на Југоисточен плански регион Македонија ги дискутираа престојните проектни активности – информативните кампањи и обуки. Направена беше и општа оцена на проектните иницијативи до моментот.
Како резултат на овој состанок се оствари надзор и контрола на процесот на развитокот на проектот во согласност со претходните временски рамки: Се коментираше развитокот на проектот и достигнатите индикатори за оваа етапа, се определија потенцијалните и реални проблеми и се оптимизираше стратегијата за активностите на проектот.