Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во рамките на проектот "Размислуваме за компостирање – Посветени на одржување на органскиот синџир" уште во 2017 година додели 400 компостери на жителите од 10те општини од Југоисточниот регион на Република Северна Македонија во коj спаѓаат општините Богданци, Босилово, Валандово, Василево, Гевгелија, Дојран, Конче, Ново Село, Радовиш и Струмица.
Во комуникација со луѓето кои добија компостери може да се заклучи дека овие канти за биоразградлив отпад сеуште се користат и се произведува квалитетен компост кој се применува за ѓубрење на почвата на нивите и дворовите со цел да се добие квалитетна почва и здрави растителни производи.
Се надеваме дека овој проект ќе послужи како позитивен пример и понатаму сите ќе работат во насока на здрава животна средина, намалување на отпадот преку негова селекција и разградување, природно наѓубрување на почвата со цел квалитетно и здраво земјоделско производство.