Размислуваме за компостирање - Посветени на одржување на органскиот синџир
Број на проектот: CB006.1.11.013
Приоритет: 1.1. Заштита на животната средина и одржливо користење на природните ресурси во прекуграничниот регион
Бреметраење на проектот (во месеци): 15
Вредност на договорот: 117.164,41 €
Кофинансирање од ЕУ: 85.00%
Датум на започнување на проектот: 18.10.2016
Датум на завршување на проектот: 18.01.2018
Област на интервенција: 085 Заштита и унапредување на биодиверзитетот, заштита на природата и зелената инфраструктура
Резиме на проектот:
Целта на проектот е да се подигне јавната свест за заштита на животната средина и природните ресурси, преработувајќи ги органските отпадоци во органско ѓубриво/компост во прекуграничниот регион.
Во периодот на имплементацијата на проектот ќе биде изработен рекламен клип/видео - демонстрирајќи го концептот за компостирање (преку користење на компостерите и нивната корист за домаќинствата), а исто така ќе послужи и за популаризација на проектот. Необработените видео снимки во текот на производството ќе бидат искористени за изработка на кратко телевизиско соопштение, со цел да се предизвика интерес кај заинтересираните домаќинствата кои преку проектот ќе имаат можност да добијат и да користат компостери. Во рамките на проектот ќе биде подготвена и отпечатена брошура за секој граѓанин кој ќе добие компостер по проектот, а исто така брошурата ќе биде достапна и за сите учесници на настаните кои ќе се одржат по проектот. Копмостерите ќе бидат доделени за време на информационата кампања, а за сите добитници на компостери ќе се одржи и обука за нивно користење. Истражувањата кои ќе бидат направени во рамките на овој проект ќе обезбедат информации за можностите за компостирање во прекуграничниот регион.
За време на имплементацијата на проектните активности, општините од двата региони ќе бидат вклучени во самата идеја, како и во обуките кои ќе се организираат со цел да добијат информации за придобивките од компостирањето и селектирањето на отпадот од страна на граѓаните.
Овој проект има за цел да покаже дека заштитата на животната средина е еден од главните приоритети на регионот, употребата на органските отпадоци на начин на кој не само што ќе се намали загадувањето, но ќе се подобри и квалитетот на живот преку производството на органски компост. Зголемување на јавната свест и примерот кој треба да се даде на граѓаните на регионот е главната придобивка од овој проект.
Видео: Вижте видео клип на проектот.
Партнери
Лидер партнер: ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ЈУГОИСТОЧНИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН
Контакт:
Ул. „Боро Джони“ №10
2400 Струмица
T. +389-34-340-139
Ф. +389-34-340-139
Email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
www: http://www.rdc.mk/southeastregion/index.php/en/
Проектен партнер: АСОЦИЈАЦИЈА НА ЈУГОЗАПАДНИ ОПШТИНИ
Контакт:
Ул. Тодор Александров Бр. 23, канцеларија 32
2700 Благоевград
T.+359-73-882-275
Ф.:+359 -73-882-681
Email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
www: www.aswm.net